Во полициската станица во Велес приведени се четири лица осомничени дека го подметнале пожарот кај велешкото езеро, потврдија од МВР за Сител. Приведените признале дека работеле со брусалица, а од искрењето бил предизвикан пожарот. Тие се обиделе да го изгаснат огнот но не успеале. Работниците биле ангажирани на приватен објект. Дали и каква одговорност ќе биде покрената ќе одлучи надлежен јавен обвинител.
Иван Кузмановски