Македонија

Се враќаат преговорите за обвинителството – има волја за решение, утре законот пред пратениците

И по пет месеци нема решение од работните групи за предлог законот за ЈО предложен од Владата. И денешната средба во  Собрание заврши без решение. Дискусиите беа фокусирани на тема статусот на обвинителството кое што  ќе го наследи СЈО, каде специјалниот обвинител не може автоматски да биде преместен во републичкото обвинителство, што секако претставува решение имајќи предвид дека Катица Јанева е во притвор за случајот Рекет. Министерката за правда, Рената Дескоска додаде дека се согласиле ВМРО-ДПМНЕ своите забелешки да ги испрати во форма на амандмани во матичната комисија. Таа изрази убеденост дека нема да има отстапки од црвената линија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека средбата не била лесна. Според него постои волја од двете страни за дијалог за подобрување на предлог законот за ЈО. Не откри детали кој ќе биде ставот на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ во текот на гласањето за потребата од носење на овој закон.

Од ДУИ интервенираа со два амандмани.

Утре во Собрание законот влегува во собраниска процедура, а во четврток се очекува дискусија во матичната комисија.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни