Македонија

Внимавајте: Метео аларм за силен ветер, можни удари над 80 км/ч

Внимавајте: Метео аларм за силен ветер, можни удари над 80 км/ч

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм за 12 мај 2026 година поради засилен ветер од западен правец.

Според најавите на УХМР, ветерот повремено ќе биде силен и на одредени места ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

Предупредувањето се однесува за повеќе региони во земјава, а надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат престој во близина на дрвја и нестабилни објекти.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни