Македонија

Крива Паланка и годинава со поддршка за матурантите – по 3.000 денари за секој ученик

Крива Паланка и годинава со поддршка за матурантите – по 3.000 денари за секој ученик

Општина Крива Паланка и оваа година продолжи со поддршката за младите, при што сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“ добија по 3.000 денари како финансиска помош во пресрет на матурските прослави.

Средствата денеска се исплатени на сметките на учениците, како симболичен гест по повод завршувањето на средното образование – еден од најзначајните моменти во животот на младите.

Оваа мерка се спроведува четврта година по ред и претставува дел од континуираните политики на локалната самоуправа насочени кон поддршка, мотивација и создавање подобри услови за развој на младите.

Од општината нагласуваат дека со ваквите активности се испраќа порака дека младите се во фокусот на локалните политики и дека нивниот успех е директно поврзан со развојот на заедницата.

Поддршката за матурантите е дел од поширок пакет мерки кој опфаќа и субвенции за дигитални уреди и велосипеди, еднократна помош за новороденчиња, субвенции за детска опрема, како и вложувања во образовна, спортска и детска инфраструктура.

Градоначалникот Сашко Митовски истакна дека младите се најважната инвестиција за иднината на градот.

„Матурата е важен животен момент и наша обврска е да бидеме поддршка во тие мигови. Веруваме во потенцијалот на младите и во нивната улога како двигатели на позитивни промени“, порача Митовски.

Од општината упатија и честитки до сите матуранти за успешно завршеното образование, со желби за успех во идните животни предизвици.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни