Македонија

Јакимовски: Гордоста не се купува со зборови, туку со дела – денес граѓаните се чувствуваат понижени, а не горди!

Јакимовски: Гордоста не се купува со зборови, туку со дела – денес граѓаните се чувствуваат понижени, а не горди!

Во своето последно гостување на „4ТВ“, лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, упати длабока и емотивна порака за состојбата во која се наоѓа македонското општество. Тој направи паралела помеѓу славните времиња кога македонските спортски и уметнички легенди го освојуваа светот и денешната сива реалност исполнета со неизвесност.

Јакимовски се потсети на моментите кои ја обединуваа нацијата и предизвикуваа вистинска, непатворена гордост кај секој граѓанин.

„Знаете ли колку бевме горди кога Дарко Панчев стана европски шампион и ја зеде ‘Златната копачка’? Или кога Благоја Георгиевски се искачи на светскиот трон во кошарка? Нема никогаш да ги заборавам преметите на Трстена по олимпиското злато или мајсториите на Влатко Стефановски кои беа препознаени низ цела Југославија. Тоа е гордост – кога имате дела со кои целиот свет ве препознава“, истакна Јакимовски.

Според него, за три децении независност, државата не успеала да создаде систем кој ќе ги поддржи и негува новите генерации спортисти, уметници и научници.

„За жал, не се потрудивме да им создадеме простор и услови на талентираните луѓе. Гордоста на нацијата не е да викаш ‘јас сум горд’, туку делата да ти бидат горди. Ме загрижува тоа што често ме застануваат луѓе кои воопшто не ме познаваат и ме прашуваат: ‘Градоначалниче, каде ќе биде Македонија? Што ќе се случи со државата?’. Тоа ме прашуваат и Македонци, и Албанци, и Роми. Загриженоста е кај сите. Не само што не сме горди, туку сме понижени од состојбата во која се наоѓаме – небезбедни, безгрижни и без јасна насока“, вели Јакимовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни