Македонија

Утврден новиот број на јавни обвинители – Скопје со 66, Организиран криминал со 17

Утврден новиот број на јавни обвинители – Скопје со 66, Организиран криминал со 17

Советот на јавните обвинители донесе пречистен текст на Одлуката за определување на бројот на јавни обвинители низ јавните обвинителства во Македонија.

Според новата распределба, Основното јавно обвинителство Скопје ќе располага со најголем капацитет, односно ќе има 66 јавни обвинители. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје ќе брои 17 јавни обвинители.

Што се однесува до останатите градови, ОЈО Тетово ќе има 11 обвинители , додека ОЈО Битола и ОЈО Гостивар ќе имаат по 10 јавни обвинители.

Покрај основните, определен е и бројот на обвинители во вишите јавни обвинителства. Вишото јавно обвинителство Скопје ќе има 16 обвинители , додека вишите обвинителства во Битола, Гостивар и Штип ќе имаат по 7 јавни обвинители.

Одлуката стапува во сила од денот на нејзиното донесување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни