Македонија

Муцунски: Дијалогот со Бугарија е неопходен, без отстапки за националните интереси

Муцунски: Дијалогот со Бугарија е неопходен, без отстапки за националните интереси

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека Македонија мора да одржува дијалог со Бугарија, и покрај несогласувањата и последните тензии меѓу двете земји. Тој најави дека побарал билатерална средба со бугарската министерка за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска.

Муцунски нагласи дека Владата ќе продолжи цврсто да ги брани националните интереси и нема да молчи на, како што рече, обиди за понижување на државата, но истовремено ќе работи на напредокот кон ЕУ.

Во однос на критиките од опозицијата, тој оцени дека нивните ставови се совпаѓаат со ставовите на Софија, додавајќи дека граѓаните сами ќе судат за тоа.

Министерот истакна дека дијалогот не значи попуштање, туку неопходна комуникација меѓу две соседни држави кои имаат заеднички проекти и предизвици.

Осврнувајќи се на европските закони и Изборниот законик, Муцунски порача дека нивното донесување е важно за европската интеграција и за обезбедување средства од европските фондови. Тој ја повика опозицијата на поголема политичка зрелост и поддршка за реформските процеси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни