Македонија

Ако нема 80 пратеници за законот за ЈО, ќе се изменува Законот за обвинители со 61 пратеник! (ВИДЕО)

Ако не бидат обезбедени 80 пратеници за донесување на Законот за јавно обвинителство, решението за СЈО ќе биде решено преку измени за Законот за обвинители за кого треба обично мнозинство, односно 61 пратеник.

Овој план го откри министерската за правда Рената Дескоска денеска во Собранието, која рече дека во законот за советот на обвинители може да се вметнат одредби за избори и организација на новото обвинителство.

„Во случај да нема мнозинство за Законот за ЈО, сите предмети на Специјалното јавно обвинителство ќе ги преземе и ќе ги продолжи друго јавно обвинителство. Или, со измена на Законот за Совет на јавни обвинители, кој се носи со обично мнозинство, ќе се најде решение за функционирање на СЈО“, рече Дескоска.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни