Македонија

Косовски државјанин возел 203 километри на час во гевгелиско – полицијата го приведе!

Косовски државјанин возел 203 километри на час во гевгелиско – полицијата го приведе!

На 18.05.2026 во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30).

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.

Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Против лицето е поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни