Македонија

Апел од здравството: Органодарителството како чин на највисока човечност

Апел од здравството: Органодарителството како чин на највисока човечност

Во рамки на националната кампања која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, упати апел за унапредување на процесот на органодарителство.

-Чинот на органодарителство се јавува во најтешките моменти од животот на едно семејство. Лицето остава порака на своето семејство, а дава шанса за живот на друго лице или на повеќемина. Апелирам за унапредување на органодарителството. Најтешките одлуки во животот оставаат најсилна светлина позади себе, вели д-р Трифуновски.

Министерот за здравство, Азир Алиу, посочува дека пораката на докторите кои секојдневно се соочуваат со пациенти што чекаат трансплантација е најсилниот повик за поголема општествена свесност за потребата од дарување органи.

-Органодарителството е длабока човечка одлука со која надежта продолжува да живее. Наша обврска е како институции да го развиваме системот, да работиме на зголемување на довербата и да создаваме култура во која дарувањето органи ќе биде препознаено како чин на солидарност, емпатија и највисока почит кон животот, порачува министерот Алиу.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни