Македонија

Разгледани се сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР, најголем дел се прифатливи

Разгледани се сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР, најголем дел се прифатливи

Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

На седницата беа усвоени записникот од претходната седница и повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата беше отворена дополнителна дискусија со цел изнаоѓање поширок консензус меѓу политичките партии и останатите учесници во процесот.

Работната група заклучи дека наредната седница ќе продолжи со разгледување на останатите отворени прашања, како и со анализирање на доставените предлози од парламентарните политичките партии , независните пратеници, надлежните институции и граѓанскиот сектор.

Упатен е повик до сите учесници, да ги достават своите конкретни предлози и забелешки во утврдениот рок, со цел навремена подготовка на усогласен текст на измените на Изборниот законик.

Работната група продолжува со работа во насока на унапредување на изборната регулатива и зајакнување на демократските изборни стандарди и наскоро ќе има законско решение.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни