Македонија

Спасовски: Факт е дека ќе има предвремени парламентарни избори

Спасовски: Факт е дека ќе има предвремени парламентарни избори

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека во земјава ќе има предвремени парламентарни избори и порача дека СДСМ мора навремено и сериозно да се подготвува за секој можен изборен процес.

Говорејќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски рече дека очекува политичката сцена повторно да влезе во предвремен изборен циклус, потсетувајќи дека тоа го најавувал и во претходни настапи.

„Факт е дека ќе има предвремени парламентарни избори. Тоа го најавував и претходно повеќепати“, изјави Спасовски.

Тој нагласи дека секоја политичка партија мора да биде подготвена за избори во секој момент, без разлика дали станува збор за редовни или предвремени парламентарни избори.

„Партијата мора да биде подготвена секогаш за какви било избори што ќе ги имаме“, истакна Спасовски.

Според него, раководството на СДСМ треба дополнително да се фокусира на организациско и програмско зајакнување на партијата, со цел таа да настапи како сериозна политичка алтернатива на актуелната власт.

„Раководството на партијата треба да работи уште повеќе, и од организациски и од програмски аспект, за да може СДСМ да настапи како организирана структура која ќе биде алтернатива на актуелната власт“, порача Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни