Македонија

Притвор за 76-годишниот возач по трагедијата на скопската обиколница во која загинаа четири лица

Притвор за 76-годишниот возач по трагедијата на скопската обиколница во која загинаа четири лица

Основниот кривичен суд донесе одлука за определување мерка притвор за осомничениот возач на камионот кој учествуваше во сообраќајната несреќа на скопската обиколница.

Како што информираат од Судот, мерката била изречена доцна синоќа, поради постоење опасност од бегство, како и можност осомничениот да го повтори кривичното дело.

Од Кривичниот суд засега не соопштуваат повеќе детали за случајот, а истрагата за несреќата продолжува.

Сообраќајката на скопската обиколница предизвика големо внимание во јавноста, а надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни