Педесет и едногодишен жител на Битола е лишен од слобода поради сомнение за семејно насилство, откако физички ја нападнал својата сопруга.
Од СВР Битола информираат дека на 25 мај во 04:30 часот полициски службеници го привеле Т.С. (51) од Битола, бидејќи во семејниот дом физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга, при што употребил метални и дрвени предмети.
По преземените мерки, судија од Основниот суд во Битола му одредил мерка притвор на осомничениот.