Македонија

Во понеделник и вторник ќе се спроведе авионско прскање против комарци во Скопје

Во понеделник и вторник ќе се спроведе авионско прскање против комарци во Скопје

Град Скопје информира дека на 1 и 2 јуни ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на целото подрачје на главниот град.

Прскањето е планирано да се изврши во раните утрински часови, и тоа во понеделник и вторник, со цел намалување на бројот на комарци во пресрет на летниот период.

Од Градот посочуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на активноста во предвидениот термин, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со соодветни услови.

Воедно, надлежните упатија апел до пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелите за време на третманот.

Авионската дезинсекција е дел од редовните активности за заштита на јавното здравје и намалување на ризикот од ширење на болести што ги пренесуваат комарците.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни