Свет

МНР на Романија: Русија е одговорна, ги информиравме сојузниците и НАТО

МНР на Романија: Русија е одговорна, ги информиравме сојузниците и НАТО

Министер за надворешни работи: Русија е одговорна, ги информиравме сојузниците и НАТО
Романското Министерство за надворешни работи го оцени инцидентот во Галаци, каде што дрон се урна во станбена зграда и експлодираше, како сериозна и неодговорна ескалација од страна на Руската Федерација.

„Овој инцидент претставува сериозна и неодговорна ескалација од страна на Руската Федерација. Романија ќе преземе потребни дипломатски мерки како одговор на ова сериозно кршење на меѓународното право и нејзиниот воздушен простор.

Романија ги информираше земјите-членки на Европската Унија, сојузниците и генералниот секретар на НАТО за околностите и побара мерки за забрзување на трансферот на капацитети против беспилотни летала во Романија. Руската Федерација сноси директна одговорност за овие сериозни и неодговорни дејствија.

Романија ќе дејствува со најголема решителност за да го зголеми меѓународниот притисок врз Руската Федерација со цел да се постигне итно и сеопфатно прекинување на огнот“, објави романскиот министер за надворешни работи, Тоиу Оана.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни