4NEWS.mk

Хорор во Швајцарија: Албанец од Македонија со нож ја убил сопругата зошто сакала развод

Во понеделникoт попладне Илир.Б, 37-годишник од Македонија, ја убил неговата сопруга во Швајцарија. Тој со нож ја убил неговата 34-годишна сопруга пренесува Индексонлајн.

Пријател на жртвата, шокиран од настанот, изјавил дека жената сакала да се разведе од сопругот, кого го опишува како насилен и кој често ја злооупотребувал.

„Тој беше насилен со својата сопруга. Таа му даде неколку шанси, но таа не можеше да издржи повеќе“, изјавил еден сведок.

Во меѓувреме, друг член на семејството изјавил дека парот живееле одделно.

„Таа не му дозволуваше да ги види децата веќе некое време. Неодамна, му дозволи повторно да ги посети, така што тој изнајми соба во близина на нивниот дом“, изјавил роднина.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни