4NEWS.mk

Над 16.000 илегални мигранти го напуштаат Истанбул

Истанбулските власти во писмена изјава наведуваат дека од 12 јули до завчера од градот си заминале или се префрлени 16.423 илегални мигранти, а процесот на нивна репатријација е во тек, пренесе агенцијата Анадолија.

Околу 4.500 нерегистрирани Сиријци од Истанбул, исто така, се упатени во привремените бегалски центри низ другите турски провинции.

Заминуваат, исто така, и Сиријци кои се регистрирани во другите покраини, се наведува во соопштението на турските власти.

Минатата недела Турција го продолжи рокот до 30 октомври за нерегиртрираните Сиријци да можат да го напуштат Истанбул и да заминат во провинции во кои по првпат ќе бидат регистрирани.

Не се дозволени нови пријави на мигранти во Истанбул, но постојат исклучоци за поединци кои го продолжуваат школувањето во градот, оние кои се легално вработени и мигрантите чие лекување е во тек.

Турција прими 3,6 милиони Сиријци, а околу 540.000 од нив живаат во Истанбул, покажуваат официјалните податоци до кои дојде агенцијата Анадолија.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни