Македонија

Две лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Две лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Ноќеска (11.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.М.(44) од Струмица. Според пријавеното, тој на 10.06.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

На 10.06.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К..

На 10.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на општина Аеродром нејзиниот сопруг С.Б. и упатувал закани.

На 10.06.2026 во 23:00 часот во СВР Тетово, 40-годишна жена од тетовско село пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер Б.А.(38) од Тетово, откако ја прекинале врската континуирано ја следел низ градот, ја вознемирувал на мобилен телефон од различни броеви и ѝ упатувал закани по нејзиниот и по животот на нејзиното семејство.

На 11.06.2026 во 00:20 часот во СВР Тетово, 61-годишник од село Корито пријавил дека околу 23:00 часот претходниот ден во домот бил физички нападнат од неговиот син Ш.А., кој му упатил и закани со остар предмет, а му го скршил и мобилниот телефон. Веднаш по пријавата Ш.А. е пронајден и лишен од слобода и задржан во полициска станица.

На 11.06.2026 во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.Ј.(40) од Битола, постапувајќи по претходна пријава од 10.06.2026 во 23:40 часот дека физички ја нападнал неговата 34-годишна вонбрачна партнерка.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни