Свет

Шок во позната фабрика во Европа! Наместо делови од авион во пакетот, пронајдени човечки остатоци!

Шок во позната фабрика во Европа! Наместо делови од авион во пакетот, пронајдени човечки остатоци!

Вработена во одделот за прием на стока на австрискиот производител на авионски делови FACC доживеала шок кога во пакетот, во кој очекувала индустриски компоненти, пронашла осум човечки торза!

Големиот запечатен и длабоко замрзнат пакет пристигнал во понеделникот околу 14:30 часот во погонот на компанијата FACC во Горна Австрија.

Сè било јасно означено

На почетокот ништо не предизвикало сомнеж, бидејќи компанијата очекувала испорака на замрзнати препрег материјали, односно претходно импрегнирани влакнести полупроизводи кои се користат во производството на авионски делови.

Но, кога работничката ја отстранила пломбата и го отворила пакетот, останала запрепастена. Наместо авионски делови, внатре пронашла осум човечки торза. Горните делови од телата биле јасно означени и лесно препознатливи.

Видно вознемирена, веднаш ги известила надредените.

Полицијата започнала истрага

Во компанијата FACC веднаш била повикана полицијата, која започнала истрага. Првично немало индикации дека станува збор за кривично дело, а тоа набрзо било и потврдено.

Од компанијата FACC потврдиле дека дошло до замена на пратките на аеродромот во Минхен.

Од фирмата не сакале дополнително да го коментираат случајот, повикувајќи се на правната постапка што била покрената поради настанатата грешка.

Како дошло до забуната?

Истрагата покажала дека на аеродромот во Минхен биле измешани два пакети кои пристигнале од Соединетите Американски Држави.

Пакетот со човечки торза бил наменет за истражувачка лабораторија, но по грешка бил испратен во компанијата FACC, додека пакетот со авионски компоненти најверојатно завршил во лабораторијата.

Пратките во меѓувреме биле пренасочени и се наоѓаат на пат кон вистинските приматели.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни