Свет

Руски воен брод отвори оган кон јахта во Ламанш

Руски воен брод отвори оган кон јахта во Ламанш


Морнари од руски воен брод испукале предупредувачки истрел кон јахта која му се приближила во Ла Манш, дознава британската новинска агенција Press Association (PA).

Инцидентот се случил денеска околу 11:40 часот по локално време, а според првичните информации, во него била вклучена руската фрегата „Адмирал Григорович“.

Сè се одвивало во подрачјето меѓу британскиот остров Вајт и францускиот регион Нормандија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни