Македонија

Во петок и сабота разговори за владина реконструкција: ВЛЕН има концепт, ја чека визијата на премиерот

Во петок и сабота разговори за владина реконструкција: ВЛЕН има концепт, ја чека визијата на премиерот

Состанок за реконструкција на Владата

Коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ за петок и сабота закажаа состаноци на кои ќе разговараат за реконструкција на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди најавата и ја пофали соработката со ВЛЕН.

„Имаме коректна и пријателска соработка со нашиот коалициски партнер ВЛЕН и очекувам тоа така и да продолжи. По изборите во 2024 година, следуваа локални избори, каде што тие беа убедливи победници во 10 општини во, условно кажано, албанскиот дел на Македонија, па затоа не гледам пречка нашата соработка да не продолжи“, изјави Мицкоски.

Ставот на ВЛЕН

Лидерите на ВЛЕН го очекуваат средбата со премиерот пред да излезат со детали за можните промени. Билал Касами истакна дека движењето има подготвен концепт, но одлуките ќе зависат и од визијата на премиерот.

„Не можеме да зборуваме пред да се сретнеме со премиерот. Секако дека имаме наш концепт како ќе разговараме за реконструкција на Владата, но треба да ја видиме и визијата на премиерот. Потоа ќе можеме да излеземе со став дали ќе има само промена на позиции во рамки на ВЛЕН или ќе има и ротација на министерства“, рече Касами.

Предвремени избори: различни позиции

Став на ВЛЕН

Касами нагласи дека фокусот во моментов е на реализација на владината програма. Според него, нема потреба од предвремени избори, но ВЛЕН има политички потенцијал да победи доколку тие се одржат утре.

Опозициски повик

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред неколку дена оцени дека предвремени парламентарни избори треба да се одржат напролет и повика на мобилизација и целосна организација на партиските структури.

Став на премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека изборите треба да се одржат редовно во 2028 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни