Свет

Трамп: Мелони ме замоли да се сликам со неа – ми беше жал за неа

Трамп: Мелони ме замоли да се сликам со неа – ми беше жал за неа

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска во емисијата „Aria che Tira“ на телевизијата „La7“ изјави дека италијанската премиерка Џорџа Мелони го „молела“ да се фотографира со неа на овонеделниот самит на Г7.

На почетокот на интервјуто, Трамп веднаш го насочил разговорот кон Мелони, прашувајќи: „Како е вашата премиерка?“ „Што рече кога се сретна со мене? Веројатно е среќна што разговарав со неа“, додал тој.

„Не морав да разговарам со неа. Не знам што би кажал. Ме молеше да се фотографира со мене. Толку многу сакаше да се слика со мене. Не би го прифатил тоа, но ми беше жал за неа“, истакнал Трамп.

Мелони беше голема пријателка со Трамп и единствената европска лидерка поканета на неговата инаугурација минатата година. Односите заладиле откако италијанската влада на почетокот на војната во Иран го одбила американското барање за користење на воздушната база на Сицилија за напади за време на конфликтот.

Трамп ја обвини Италија дека не помага доволно и порача дека Мелони се променила.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни