Трговски брод под панамско знаме, кој пловел кон Украина, бил погоден во Црното Море при руски напад со дронови и потоа се запалил, соопшти украинскиот вицепремиер Олексиј Кулеба, цитиран од Франс прес.
„По удар со дрон избувна пожар на брод што плови под панамско знаме. Еден член на екипажот е загинат — станува збор за 58-годишен готвач со египетско државјанство“, напиша Кулеба во апликацијата Телеграм.
Екипажот броел вкупно деветмина, со египетско, турско и индиско државјанство. Бродот повеќе не е во состојба да плови.
Кулеба додаде дека ноќта кон денес Русија нападнала уште два брода, кои пловеле под знамињата на Белиз и Палау.