Македонија

Заврши првата сезона од „Ноќно студио“

Заврши првата сезона од „Ноќно студио“

„Ноќно студио“ официјално ја заокружи својата прва сезона.

Дека се работи за сериозен и интензивен проект, најдобро говорат самите бројки. Во својата прва сезона, „Ноќно студио“ реализираше над 40 емисии, во кои продефилираа повеќе од 70 гости – клучни фигури од јавниот, општествениот, културниот и спортскиот живот.

Посебно сме горди на специјалното отворено студио од Кочани, насловено „Раната Пулс“. Бевме единствени кои 4 часа во живо емитуваа програма за трагедијата која не смееме да ја заборавиме.

Освен содржински, изминатите пет месеци во вашите домови внесувавме содржина која е произведена по најнови и највисоки телевизиски стандарди.

„Ноќно студио“ освен на нашиот YouTube канал 4TV.mk, се емитуваше и на 8 регионални и локални ТВ станици низ Македонија, а на друштвените мрежи допре до над 1 милион публика.

Иако камерите во студиото се гасат за следните неколку месеци, креативниот тим нема долго да мирува. Паузата ќе биде искористена за подготовка на втората сезона.

Првата сезона докажа дека македонскиот етер има потреба од квалитетна програма.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни