Утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно возило се преврте.
Според сведоштва на очевидци, повредени се повеќе лица. Полициски екипи се на местото на настанот и вршат увид.
Причините за несреќата засега не се познати. Се очекуваат дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи.
Фотографија: Фактор