Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе барање за поведување прекршочна постапка против 35-годишниот Ш.А. од Кичево, поради неовластено поставување и истакнување знамиња на странска држава.
Според информациите од полицијата, прекршокот бил сторен ноќта меѓу 26 и 27 ноември, во периодот од 19 до 00:30 часот, на потегот од градскиот плоштад кон булеварот „Ослободување“ во Кичево.
Кичевецот неовластено истакнал знамиња без законски утврдените обележја, со што, според полицијата, постапил спротивно на член 18 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Барањето за поведување прекршочна постапка е доставено до Основниот суд во Кичево.