Македонија

Од 1 јули почнува исплатата на К-15: минималниот износ е околу 19.116 денари

Од 1 јули почнува исплатата на К-15: минималниот износ е околу 19.116 денари

Од 1 јули компаниите од приватниот сектор започнуваат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15, при што минималниот износ за оваа година изнесува околу 19.116 денари.

Висината на регресот е утврдена врз основа на просечните нето-плати исплатени во февруари, март и април 2026 година, кои изнесувале 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Со тоа просечната основица достигнува околу 47.790 денари, а согласно одредбите од колективниот договор, минималниот износ на К-15 е 40 проценти од таа основица, односно околу 19.116 денари.

Право на регрес за годишен одмор имаат вработените во приватниот сектор кои имаат најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај истиот работодавач во рамките на календарската година.

Компаниите, доколку имаат можност и тоа е предвидено со колективен договор или со сопствена одлука, можат да исплатат и повисок износ од минимално утврдениот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни