Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остварил телефонски разговор со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, при што двајцата соговорници разговарале за билатералните односи, регионалните прашања и можностите за унапредување на соработката.
Според објавата на Вучиќ на социјалните мрежи, разговорот ја потврдил подготвеноста на двете земји да продолжат со развојот на блиски и пријателски односи. Тој навел дека биле разменети мислења за важни регионални теми, како и за натамошно зајакнување на соработката во области од заеднички интерес.
„Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста и на јакнењето на соработката со Северна Македонија, убеден дека тоа е во најдобар интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион“, напиша Вучиќ.
Од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова засега нема официјално соопштение за содржината на разговорот.