Македонија

Продажбата на храна, пијалаци и тутун порасна за 9,1 отсто

Продажбата на храна, пијалаци и тутун порасна за 9,1 отсто

Прометот во трговијата на мало во мај годинава бележи раст во повеќето категории во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголемо зголемување е регистрирано кај продажбата на автомобилски горива, додека позитивен тренд е забележан и кај храната, пијалаците и тутунот.

Според статистиката, реалната стапка на прометот во групата „Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ е повисока за 9,1 процент во однос на мај минатата година.

Кај трговијата на мало со непрехранбени производи, без гориво, евидентиран е номинален пад од 3,6 проценти, но реално е забележан раст од 1,6 проценти.

Во категоријата „Трговија на мало, освен трговија со горива“, прометот номинално е зголемен за 6 проценти, а реално за 6,2 проценти.

Најизразен раст има кај трговијата на мало со автомобилски горива, каде што реалниот промет е зголемен за 14,7 проценти, додека номиналниот раст изнесува 36,2 проценти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни