Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. T=32°C. P=975hPa. U=40%. V=2m/s. UV index=7.
Утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне повторно ќе биде нестабилно наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.