Македонија

Брза акција во Росоман: Пожарникарите спасија мајка штрк и три штркчиња од запалено гнездо

Брза акција во Росоман: Пожарникарите спасија мајка штрк и три штркчиња од запалено гнездо

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци успешно спасија мајка штрк и три мали штркчиња, откако нивното гнездо во Росоман се запалило од засега непознати причини.

Според очевидци, токму брзата и навремена интервенција на противпожарната екипа спречила трагедија.

По спасувањето, за птиците привремено се погрижиле локални жители.

Од противпожарната единица информираат дека веќе за следниот ден е планирано создавање на ново гнездо каде што семејството штркови ќе биде безбедно сместено.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни