Дваесетина вработени во Здружението на возачи – Центар за возила Струмица изутринава повторно го блокираа патниот травец Струмица – село Просениково поради решението што го добија од Министерството за внатрешни работи за забрана за вршење регистрација на моторни возила.
Решението за забрана е со објаснување дека постојниот патен правец Струмица-Просениково, на кој со години биле позиционирани, го нема во генералниот урбанистички план. Нејасно е, велат од Здружението, како работеле во изминатите 50 години на постојната локација и со постојниот сообраќаен режим и при тоа немале никаков проблем.
– МВР бара режим на сообракај кој ние нема да може да го добиеме, бидејки надлежните институции се уште немат донесено измени на генералниот, но и нов детален урбаниситчки план за оваа област, каде со години опстојуваме. Бараме од надлежните да се донесе детален урбанистички план кој би го регулирал ова прашање за да може да поднесеме барање и да добиме режим на сообракај, кој на терен постои, но го нема на хартија, наведуваат од Центарот за возила Струмица кои организираат едночасовни блокади веќе втора недела