Сообраќајно недоразбирање во скопската населба Ѓорче Петров ескалирало во физичка пресметка, по што случајот бил пријавен во полиција.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по претходна расправија дошло до тепачка меѓу 30-годишна скопјанка од една страна и две жени, на возраст од 51 и 21 година, од другата страна.
Сите учеснички во инцидентот се од Скопје.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против инволвираните лица.