Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 36 степени

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 36 степени

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни