Свет

ФОТО Локум и Акиз го украдоа шоуто на светските лидери: Мачки станаа главна атракција на НАТО самитот

ФОТО Локум и Акиз го украдоа шоуто на светските лидери: Мачки станаа главна атракција на НАТО самитот

Освен дипломатските средби и изјавите на светските лидери, новинарите кои известуваат од НАТО самитот во Анкара денеска имаа и необично, но многу симпатично друштво.

Имено, во прес-центарот на Претседателскиот комплекс беа донесени прочуените ангорски мачки односно претставниците на една од најпознатите автохтони раси во Турција кои веднаш го привлекоа вниманието на новинарите.

ФОТО: 4NEWS.MK

Мачката Локум и нејзиното маче Акиз предизвикаа вистински интерес меѓу стотиците новинари, а се чини дека нивното присуство и те како е добредојдено освежување. Многумина ги земаа и в раце за фотографија за спомен, а тие смирени и навикнати на вниманието, станаа едни од најфотографираните „учесници“ на денот.

Интересно е што и нашиот репортер успеа да ја овековечи оваа необична атмосфера, фотографирајќи ја мачката покрај микрофонот на 4NEWS, кадар кој симболично покажува дека дури и во центарот на најважните дипломатски настани има простор за моменти кои носат насмевка.

Организаторите со овој потег сакаа да ја претстават и една од најпрепознатливите живи симболи на Турција пред претставниците на светските медиуми, оставајќи им убав спомен од Анкара покрај политичките вести од самитот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни