Македонија

Почина полицискиот старешина Генц Арслани од Кичево

Почина полицискиот старешина Генц Арслани од Кичево

Полициската заедница во Кичево е во жалост по веста за смртта на Генц Арслани, долгогодишен полициски старешина, кој почина на 44-годишна возраст.

Арслани беше дел од првата генерација полицајци примени во Министерството за внатрешни работи во 2002 година. Својата професионална кариера ја започнал на 1 февруари истата година во Полициската станица Кичево, каде повеќе од две децении работеше посветено и професионално.

Во текот на службата извршувал повеќе одговорни задачи, а во април 2022 година беше назначен за командир на Одделението за патен сообраќај при Полициската станица Кичево.

Веста за неговата прерана смрт предизвика тага кај неговите колеги, пријатели и сограѓани, кои ќе го паметат како професионалец и човек посветен на својата работа.

Зад себе ги остави сопругата и двете деца – синот Ерион и ќерката Ериона.

Погребот на Генц Арслани ќе се одржи денес, 9 јули, во 18 часот на Новите градски гробишта во Кичево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни