Свет

Објавени први фотографии од пожарот во ноќен клуб во Бангкок

Објавени први фотографии од пожарот во ноќен клуб во Бангкок

Објавени се фотографии од местото на пожарот во ноќен локал во населбата Ладпрао во Бангкок, при што загинаа 27 лица, а повеќе се повредени.

На терен излегоа и премиерот Анутин Чанвиракул и градоначалникот на Бангкок, Чадчарт Ситтипунт, кои извршија увид во состојбата. Надлежните итно ја истражуваат причината за трагедијата.

Пожарот избувнал во локалот „Бир Фектори“ во раните утрински часови на 13 јули. Огнот е изгаснат, а првичните информации говорат за 27 загинати, од кои 9 мажи и 18 жени. Деталите сè уште се утврдуваат.

Околу 1:44 часот по локално време, премиерот и министер за внатрешни работи Анутин Чанвиракул пристигнале на местото и заедно со службите изврши увид во објектот. Во областа пристигнале и градоначалникот на Бангкок, Чадчарт Ситтипунт, за да ја координира поддршката на локалните служби.

Според сведоштва од терен, непосредно пред да избувне пожарот бил слушнат силен звук во близина на електричната разводна кутија, по што пламенот брзо се проширил. Истражните екипи работат на утврдување на точната причина и на реконструкција на настаните.

Надлежните ги повикуваат граѓаните кои се сомневаат дека нивни блиски биле во овој забавен објект и не можат да стапат во контакт со нив, да се јават на итниот број 1418 на Фондацијата Пор Тек Тунг. Лицата кои изгубиле лични предмети може да пријават и да побараат враќање на пронајдените работи во Полициската станица Пахониотин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни