Македонија

Седум лица уапсени во Скопје, Прилеп и Боговиње – пронајдена марихуана

Седум лица уапсени во Скопје, Прилеп и Боговиње – пронајдена марихуана
Фото: 4news.mk

Полициски акции спроведени во текот на изминатото деноноќие во Скопје, Прилеп и Боговиње резултираа со приведување на седум лица, кај кои при извршени прегледи била пронајдена дрога, информира Министерството за внатрешни работи.

Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.И. (24), М.Ф. (28), М.К. (28) и Д.А. (18), сите од Скопје, како и Р.Ѓ. (20) од Гевгелија. При прегледите кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка.

Во Прилеп, околу 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп во населбата „Точила“ го привеле 37-годишниот Т.Т. од Прилеп, откако при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Неколку часа подоцна, во 02:45 часот, во тетовското село Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Б.С. (24), со живеалиште во селото Требош. При контрола на патнички автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и кафеава течност.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави против приведените лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни