Свет

Џ.Д. Венс стана татко по четврти пат, доби син

Џ.Д. Венс стана татко по четврти пат, доби син

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и неговата сопруга Уша Венс го проширија своето семејство со уште еден член. Двојката ја сподели радосната вест дека добиле син, кој е нивното четврто дете.

Новороденчето, кое го доби името Алек Нил Венс, се родило во неделата и им се придружува на своите браќа Еван (9) и Вивек (6), како и на сестрата Мирабел (4).

Венс ја објави веста преку социјалните мрежи во заедничко соопштение со сопругата.

„Возбудени сме што можеме да објавиме дека нашиот син, Алек Нил Венс, се роди утрово. Уша и бебето се среќни и здрави, а нашите деца се пресреќни што го запознаа својот мал брат“, наведоа тие.

Семејството упати благодарност до лекарите, медицинскиот персонал на Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ и до медицинскиот тим на Белата куќа за грижата и поддршката.

Раѓањето на Алек Нил Венс претставува и историски момент, бидејќи станува збор за првото дете родено од актуелен потпретседател на Соединетите Американски Држави по повеќе од 150 години.

Џ.Д. Венс и претходно јавно се залагаше за политики што ги охрабруваат американските семејства да имаат повеќе деца. Тој неодамна откри и дека трагичната смрт на неговиот пријател, конзервативниот активист Чарли Кирк, минатата година дополнително влијаела врз одлуката со сопругата да го прошират семејството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни