Македонија

Трет ден нефункционален системот на Пошта: Се работи на отстранување на дефектот

Трет ден нефункционален системот на Пошта: Се работи на отстранување на дефектот

АД Пошта на Северна Македонија потврди дека веќе трет ден не функционира информатичкиот систем на компанијата поради дефект во серверската инфраструктура.

Од компанијата информираат дека во овој момент не се утврдени причините за проблемот и дека не може да се потврди дали дефектот е поврзан со неодамнешното невреме или со друга конкретна причина.

„По целосното нормализирање на системот ќе биде спроведена детална анализа за утврдување на причините за настанатиот дефект“, наведуваат од Пошта.

Во меѓувреме, стручните служби на АД Пошта на Северна Македонија, заедно со ангажирани надворешни професионални експерти, работат на враќање на системот во функција.

Од компанијата посочуваат дека приоритет е обновувањето да се изврши на безбеден начин, без загрозување или губење на податоците.

Пошта им се заблагодари на граѓаните за разбирањето и трпението и најави дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови детали околу нормализирањето на работата на системот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни