Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Максималната темпертура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T=32°C. P=978hPa. U=30%. V=3m/s. UV index=8
Утре времето ќе биде променливо облачно, а наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град. Под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време.