Македонија

Земјотрес утрово во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес утрово во Албанија, почувствуван и во Македонија

Утрински земјотрес со епицентар во Албанија беше почувствуван и на територијата на Македонија, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран утрово во 7:52 часот. Неговиот епицентар се наоѓал на територијата на Република Албанија, на околу 144 километри југозападно од Скопје, а локалната магнитуда изнесувала 4,0 степени според Рихтеровата скала.

Досегашните информации покажуваат дека потресот бил почувствуван од жителите на Струга и околните населени места, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, достапен на нивната веб-страница, или да се јават на бројот 112. Собраните информации ќе бидат искористени за потребите на сеизмолошките истражувања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни