Помал земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Македонија.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил во близина на Струга и Подмоље (координати: 41.170°N, 20.711°E), на длабочина од 15 километри. Земјотресот се случил во 11:28 часот.
Поради нискиот интензитет, потресот бил слабо почувствуван само од дел од населението во Охридско-струшкиот регион и не се очекуваат никакви материјални штети.