Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата се искачи на 25,1 степен. Потоа следуваат Виница со 24,5 степени, Демир Капија со 24,2 степени и Гевгелија со 24 степени.
Во главниот град Скопје, во 8 часот се измерени 23,2 степени и на мерната станица во Петровец и на Зајчев Рид. Најсвежо ова утро е во Берово со 15,7 степени, на Попова Шапка со 17 степени и во Маврови Анови со 18,5 степени.
Во однос на минималните температури во текот на изминатата ноќ, најниска вредност е регистрирана во Берово со 8,9 степени, по што следуваат Попова Шапка со 11,9, Маврови Анови со 13,4, Крива Паланка со 14,3 и Битола со 14,4 степени. Највисоки минимални температури се забележани во Виница со 20 степени и во Тополчани со 19,5 степени.