Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока на македонско-косовската граница

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока на македонско-косовската граница

Тројца мажи се лишени од слобода, а одземени се две возила и криумчарена стока во акција спроведена на македонско-косовската граница.

На 31 јули 2026 година, околу 23 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, постапувајќи по оперативен план за спречување, откривање и фаќање лица што криумчарат преку државната граница, на подрачјето на селото Блаце, на граничната линија меѓу Блаце и Хани Елезит, ги лишија од слобода Н.Б. (27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од Блаце.

Тие биле затекнати додека товарале криумчарена стока, нелегално внесена од Косово, во товарно возило Мерцедес Вито со скопски регистарски ознаки и во патничко возило Хјундаи без регистарски ознаки. Возилата и стоката се одземени, известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе бидат преземени соодветни законски мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни