Свет

Највисока температура досега измерена во Австрија

Највисока температура досега измерена во Австрија

Австрија денес ја забележа највисоката температура откако започнаа метеоролошките мерења, откако топлотниот бран во Виена достигна 41 степен Целзиусов.

Рекордната температура е измерена во виенската населба Стамерсдорф, објави австрискиот јавен радиодифузер ORF, повикувајќи се на податоци од државната метеоролошка служба GeoSphere Austria.

Според прогнозите на метеоролозите, врвот на топлотниот бран се очекува денес и утре, а се претпоставува дека температурите би можеле да ги надминат рекордните 41 степен Целзиусов утре.

GeoSphere Austria издаде црвено предупредување, највисоко ниво на опасност, за Виена, северниот дел од сојузната покраина Бургенланд и североисточниот дел од Долна Австрија.

Температури над 40 степени Целзиусови се регистрирани и во други делови од земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни