Свет

Трамп и Ал Тани разговараа за напредокот во преговорите со Иран

Трамп и Ал Тани разговараа за напредокот во преговорите со Иран

Катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, и американскиот претседател Доналд Трамп денеска остварија телефонски разговор посветен на состојбата на Блискиот Исток. Главна тема на разговорот биле напорите за деескалација на тензиите меѓу САД и Иран, како и можните начини за премостување на разликите во нивните ставови, соопштија од кабинетот на Ал Тани.

Како што пренесува Al Jazeera, американскиот претседател Трамп ги пофалил дипломатските напори на Катар во овој процес. Од своја страна, емирот Ал Тани ја истакнал важноста од продолжување на дијалогот и почитување на Меморандумот за разбирање постигнат меѓу САД и Иран во средината на јуни.

Паралелно со овие дипломатски активности, агенцијата AP објави дека Иран и Оман исто така постигнале значаен напредок во преговорите за повторно отворање на Ормушкиот Проток, што се очекува дополнително да придонесе за намалување на интензитетот на конфликтот во регионот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни