Патувања

Чешка инфлуенсерка шокирана од цените во Црна Гора: „Лежалка 200 евра? Не сум толку богата!“

Чешка инфлуенсерка шокирана од цените во Црна Гора: „Лежалка 200 евра? Не сум толку богата!“

Чешката туристка и инфлуенсерка Кејт, која ги документира своите авантури со скутер низ Европа на Инстаграм, остана затекната од цените на црногорското приморје. За време на нејзината посета на познатите елитни локации Милочер и Свети Стефан, таа реши да провери колку чини еден ден уживање на плажа, но бројките пријатно не ја изненадија.

Првата станица ѝ била ексклузивната плажа во Милочер, каде што дознала дека за плажен кревет и лежалки треба да издвои дури 200 евра за еден ден. Во видеото што го сподели со своите следбеници, таа покажа речиси празна плажа, истакнувајќи ги сочудувачките цени за овој луксуз.

Истата сума ја дочекала и на плажата „Свети Стефан 2“, каде што комплет од две лежалки и чадор за сонце исто така чини 200 евра дневно.

„Не сум доволно богата за ова“, се пошегува Кејт во своето видео.

Зачудена од висината на цената, таа прашала еден од вработените дали навистина има луѓе кои плаќаат толку за еден ден на плажа, на што тој ѝ одговорил дека само еден ден претходно целата плажа била исполнета до последно место.

Сепак, чешката туристка пронашла значително попристапна опција на јавната плажа од другата страна на островот Свети Стефан. Таму цените биле значително пониски – комплет лежалки во првиот ред до морето чини 50 евра, додека во последните редови може да се изнајми за 30 евра.

Бидејќи патувала сама и немала потреба од цел сет лежалки, Кејт на крајот се реши за најкреативното и најдемократското решение – едноставно го рашири својот пешкир на камчињата и бесплатно го уживаше сончевиот ден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни