Македонија

Сончево и многу топло, попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи

Сончево и многу топло, попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи

Денеска во Македонија нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

По должината на Повардарието и во повисоките предели ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за Скопје:

Во главниот град времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни